27.10.2021

Бадел 1862 слави голема победа во Белград од (73:70), Ивана Кметовска со скоро неверојатни 31.поен и 14 скока...

WABA ЛИГА: Кметовска го построи Партизан

Македонскиот вицепрвак стигна до голема победа на гостувањето во Белград, Славеа „баделки“ победа над девојките во „црно-бела“ комбинација. Главен актер на дуелот во салата „Ранко Жеравица“ беше Ивана Кметовска.

ПАРТИЗАН 1953 – БАДЕЛ 1862 70:73

Кошаркарките на Бадел 1862 стигнаа до втората победа во ова иданое на регионалното натпреваруавње. По голема борба, на гостински терен, во салата „Ранко Жеравица“ во Белград, го победија Партизан 1953.

Ивана Кметовска беше јунак на „баделки“. Репрезентативното крило одигра неверојатен натпревар во Белград. Го круниса со феноменален дабл-дабл ефект од 31.поен и 14. скока.

Или 39. индексни поени...

Го погоди и слободното фрлање по кое на четири секунди пред крајот му донесе на својот тим позитива од три поени, која Глигиќ не успеа да ја стигне, за големо славење на девојките во „сино-жолта“ комбинација.

Претходно,во првото полувреме двата ривали си „поделија“ по една четвртина. Во онаа првата, Партизан поведе со убедливи (26:14). Но Бадел 1862 врати во втората во која направи предност од (21-9), доволно за нерешени (35:35) на полувремето.

„Баделки “ беа подобри и во третиот период, во кој остварија позитива од три поени (52:49), која на крајот се покажа и како доволна за втор триумф во ова натптреварување.

Повторно на гостински терен, по триумфот против Бановичи.

Нена Трајчевска реализираше уште 13.поени, а Цветанка Димова 12.поени и седум скока во овој голем успех на Бадел 1862 кој следниот меч во регионалната лига ќе го одигра на 3.ноември, на домашен терен, против бугарската Монтана 2003.