20.03.2021 Будуќност ја совлада Цинкарна Цеље (70:60), и во големото финале ќе го брани пехарот против бугарскиот Берое Анџелика Митрашиновиќ и нејзиниот Будуќност ќе играат во финалето на WABA лигата. Ова откако црногорскиот претставник го доби полуфиналниот дуел против словенечката Цинкарна од Цеље со резултат (70:60). Капитенот на нашата женска сениорска селекција беше во стартните пет во победничката екипа од Подгорица. Одигра 24:06 минути во кои реализираше ефект од шест поени (2/9 за три поени), шест асистенции и два скока. Противник во големото финале и трофејот во најсилното регионално женско натпреварување ќе им биде бугарскиот состав Берое. Екипата од Стара Загора, која е домаќин на завршниот турнир, во вториот полуфинален меч беше поуспешна во бугарската пресметка со Монтана (82:68).