Кошаркарките на Бадел 1862 не успеаја да направат уште едно изненадување, односно победа на гостински терен во регионалното натпреварување.Бугарската Монтана беше по втор пат подобра од „баделки“ во ова издание на ВАБА лигата.
МОНТАНА 2003 – БАДЕЛ 1862 81:63
Девојките во „сино-жолта“ комбинација беа рамноправен ривал во првиот период од играта. За тоа сведочи и резултатот (22:19) за екипата-домаќин. Но следуваше сериозен пад во играта во втората четвртина во која една од најдобрите екипи во ова натпреварување и ја направи клучната предност.
По 20.минути од играта Монтана 2003 поведе со (47:30).
Но не се задозволија со тоа, притискаа и во продолжението од играта. Тоа им донесе уште повисока разлика од (67:45), која Бадел успеа да ја намали во последниот дел од играта на гостувањето во Бугарија.
Четири кошаркарки на Бадел 1862 завршија со двоен број на поени. Ккетовска постигна 17, Трајевска имаше 14, Стојановска ѝ1, а Матие дополно со уште десет.
По овој натпревар за Бадел 1862 следува пауза од три седмици. Наредниот меч „баделки“ ќе го играат на 21. ноември, повторно на гостински терен, кај Цинкарна во Цеље.