06.10.2021 Вечерва „баделки“ ќе ја имаат втората шанса за прв триумф во регионалното натпреварување Од 18.часот, во салата „Независна Македонија“ гостува словенечкиот претставник, Цинкарна од Цеље. „Ждрепката посака нашиот клуб во првите две кола да игра со најсилните екипи во нашата група кои се и претенденти за место на ‘Фајнл фор’ завршницата и во оваа сезона. На гости ни доаѓа екипата на Цинкарна Цеље, една од најсилнити екипи во регионалната лига, и апсолутно најдобрата екипа од Словенија. Земја која има огромен напредок во кошарката, што веќе редовно е на завршниците на Европските првенства. Сето ова ја става Цинкарна Цеље во фаворитска улога во овој натпревар. Но по добриот натпревар со екипата на Монтана 2003, зголемена е мотивацијата кај девојките. Ќе дадат се од себе за остварување подобар резултат, и зошто да не, победа-првенец во лигата “ – посакува Перо Стамески, тренерот во екипата на Бадел 1862.