21.03.2021

Домаќинот на завршниот турнир, Берое славеше во финалниот меч со (66:56) и го освои шампионскиот трофеј

WABA ЛИГА: Нема јадрански „прстен“ за Митрашиновиќ и Будуќност

Во репризата на ланското финале во ова женско регионално натпреварување, во Стара Загора, играа екипите на Берое и на Будуќност.

По 40.минути исполнети со голема неизвесност, на крајот, до шампионскиот трофеј стигнаа кошаркарките на Берое. Славеа со двоцифрена разлика, (66:56)

Анџелика Митрашиновиќ имаше сериозни проблеми со личните грешки. Уште во текот на третата четвртина капитенот на нашиот женски сениорски национален тим имаше четири, па мораше да седне на клупата.

Големото финале го заврши со ефект од пет поени (1/6 за три, и 1/2 за два поени), три асистенции, два скока и по една освоена, односно загубена топка за 23:18 минути во игра.

Претходно, во натпреварот за третото место екипата на Монтана ја победи словенечката Цинкарна Цеље со резултат (68:65).