Кошаркарките на Бадел 1862 беа рамноправен ривал на Орлови но на крајот, мораше да му пружат рака на подобриот противник
БАДЕЛ 1862 – ОРЛОВИ 65:70
По добро реализираната прва четвртина во која водеа со (14:11), домапните кошаркарки попуштија во втората. Му дозволија на противникот да направи пресврт. Да ја преземе контролата врз резултатот. До полувремето гостинките од Бања Лука поведоа со (30Ч27).
И понатаму не ја испуштаа таа мала, но значајна предност и стигнаа до успех на гостувањето во Скопје.
Со 22.поени и 10.скока, Цветанка Димова беше прво име кај „баделки“. Репрезентативниот двоец Стојановска и Трајчевска искомбинираа уште 29. Но голем хендикеп за нашиот претставник беше неиграњето на Ивана Кметовска. Надвор од строј беше и Марија Димитријевиќ.
Пред девојките цо „жолто-сина“ комбинација се уште два натпревари до крајот на Суперлигата во женското регионално натпреварување. На 23. февруари играат против истиот ривал, во во Бања Лука, а два дена подоцна, на 25. февруари гостуваат кај Триглав.