21.10.2021

Хрватскиот состав славеше сигурна победа во Скопје (84:60)

WABA ЛИГА: Пожега подобра од Бадел 1862

Кошаркарките на Бадел 1862 запишаа уште еден пораз во женската јадранска лига. На својот трет настап пред својата публика во салата „Независна Македонија“ вечерва се поразени од екипата на Пожега.

БАДЕЛ 1862 – ПОЖЕГА 60:84

Се чини дека победнкот на вечерашниот дуел во Скопје го одлучи првата четвртина. Односно десет минути во кои гостинките од Хрватска направија двојна предност. Имаа двојно побеќе дадени 24 од примени поени – само 12.

Во продолжението, играта беше далеку рамноправна. И се доби впечаток дека со секоја одмината минута „баделки“ полека се пронаоѓаат себеси. Навистина Пожега го доби првото полувреме со уште поубедливо водство (43:26).

Но домашните кошаркарки немаа намера да се предадат. Заиграа многу подбро и во третата четвртина надополнија добар дел од минусот. Ја добија со (19:13), за достижни (45:56), и најавија дека во онаа последната ќе атакуваат и на уште некоја, пониска разлика, па дури и пресврт.

Трајчевска и Матие со по десет реализации беше „двоцифрените“ кај нашиот претставник во тие 30.минути од средбата.

Но, тоа не се случи. Па Бадел 1862 сега е на скор од една победа и три порази, интересно сите три на домашен паркет.

Следниот, петти натпревар во сезоната, кој е дел од групата „Б“, македонскиот вицешампион го игра на 27. октомври во Белград против екипата на Партизан.