Кошаркарките на Бадел 1862, успеаја во својата намера. Што се вели обично „трета среќа“. Во тој стил беше и нивниот трет настап во оваа сезона од женското регионално натпреврување.
По двата порази на домашен терен, уследи и првиот триумф – гостински...
БАНОВИЧИ – БАДЕЛ 1862 57:70
„Баделки“ се прва екипа во македонската женска кошарка кои запишаа триумф во оваа сениорска конкуренција од Јадранската лига.
Тоа им појде од рака на вечерашното гостување во БиХ. Меч во кој тргнаа доста дорбо, Во уводниот период веќе имаа двоцифрена предност (18:6), која до полувремето ја зголемија, водеа со (38:20).
Тоа беше најава дека кошаркарките во „сино-жолта“ комбинација се уверени во историскиот триумф. Во продолжението, играта беше доста поизедначена, што во принцип и беше сосема доволно за нашите кошаркарки ја одбранат предноста од првиот дел, и да стигнат до толку посакуваната победа.
До триумфот ги водеше Ивана Кметовска со 24.реализации и 6 скока, Александра Стојановски дополни со 18.поени, 4.скока и 2.асистенции, а Цветанска Димовска пак запиша дабл-дабл резултат од 16.поени и 10 скока (плус три асистенции).