Изминатиот викенд, Скопје беше домаќин на првиот турнир од WABA лигата за кошаркарки „Под 17“ години.
Две наши екипи, домаќинот Вардар, и Бадел 1862, против две од Црна Гора, Будуќност Бемакс и Приморје, се бореа за што подобар резултат во оваа јадранска конкуренција.
За жал, на крајот, и „вардарки“ и „баделки“ останаа без успех во двата натпревари на турнирот кој се играше во салата на КК „Вардар“ во „Кале“.
Прво, младите кошаркарки на Вардар ја испуштија шансата за победа против екипата на Приморје. Загубија избраничките на Жаклина Стојановски со (52:55). По исто „сценарио“ одиграа и нивните колешки од Бадел 1862, кои загубија со сличен резултат (57:59) против гостинските од Херцег Нови.
Сосема друга беше „сликата“ на нашите претставници во дуелите со топ-фаворитот, екипата на Будуќност Бемакс.
Составот од Подгорица делуваше и повеќе во убедливо на двете средби со нашите. Прво славеа против Вардар (94:55), а во истиот ден и против Бадел 1862 (100:53), со што го оправдаа епитетот на кандидати за трофејот во ова натпреварување.
WABA ТУРНИР - СКОПЈЕ
РЕЗУЛТАТИ
ЖКК Вардар - ЖКК Приморје 52:55
ЖКК Вардар - ЖКК Будуќност Бемакс 55:94
ЖКК Бадел 1862 - ЖКК Приморје 57:59
ЖКК Бадел - ЖКК Будуќност Бемакс 53:100