01.10.2020

Почнувајќи од 1.октомври, сите натпревари во организација на федерацијата ќе се играат со најдобриот производ од светски познатиот бренд.

„Wilson EVO NXT“ – е новата официјална топка на нашата федерација

„Wilson EVO NXT“ – е новата официјална топка на нашата федерација.

Почувајќи од денеска, сите натпревари во организација на КФСМ, без оглед на тоа дали станува збор за сениорска, или пак младинска конкуренција, ќе се играат со најдобриот производ од познатата светска спортска марка.

Нашата федерација постигна договор за меѓусебна соработка со компанијата „Вилсон“ која во наредниот период ќе биде и официјалниот снабдувач со најбараниот кошаркарски реквизит – кошаркарската топка со додавката „EVO NXT“(сите величини на изработка).

Станува збор за официјалната топка за игра во кошаркарската Лига на шампиони на ФИБА. Топка која ги комбинира издржливоста и чувството на новиот „Еволушн“ систем, управувањето со влагата, и пакет на нова технологија која им овозможува да им даде уште поголем „простор“ на стрелците и да го зголемат победничкото чувство.

Со надворешна површина на која доминира „микро-допир“ заштита , плус обезбеден дополнителен слој влијателен на влажност, како и супер мека јадрена конструкција која што на играчите им овозможува слободен опсег, повеќе од кога било досега.

Со еден збор, ова е навистина следната еволуција на кошаркарската игра.

„EVO NXT“ е сега...

СПЕЦИФИКАЦИИ НА ТОПКАТА „EVO NXT“

„Micro-Touch Cover“ - Дополнителен слој на текстура на горниот слој, создава двослојно ниво кое во исто време ја канализира влагата за крајна контрола.

„Super Soft Core“ - дополнителното амортизирање кое им овозможува на прстите да „копаат“ подлабоко во површината, за подобра контрола и помеко чувство, помагајќи му на секој играч да го открие шутерскиот допир.

„Extended Range Tech“ - супер мекото јадро ја прераспределува тежината и рамнотежата на топката што го олеснува шутирањето од далечина.

„High Visilibity“ - Новата „електрична“ портокалова боја ви овозможува полесно да го следите протокот на играта-топката низ целиот терен.

„Moisture Wicking System“ – систем кој ја минимизира влагата на заштитниот слој за подобар „прием“ на топката во текот на играта.

„100% Compositе laid-in channels“ - единствената 100% целосно композитна кожна топка на пазарот со поставени канали за дополнителна контрола.