Момчињата од Косово подобро го отворија натпреварот. За десет минути од играта направија солидна предност (22:13).
Втората четвртина беше апсолутно изедначена, противникот го одбрани водството стекнато во првите десет минути, и на одморот водеше со (47:38).
Без многу промени протекна второто полувреме од средбата во Едирне. На почетокот на третиот период Косово стигна и до двоцифрена предност, на истекот на третата четвртина имаа плус од 18.поени, (70:52). Недостижен за нашиот националне тим „Под 14“ години во кој Терзиевски реализираше 13 поени, Ѓорѓевиќ и Нешовиќ имаа по 12, а Цветковски беше стрелец на 11. поени за нашата млада селекција.
Утре, на последниот ден од престојот во Едирне, од 11. часот, нашата женска репрезентација ќе ги одмери силите со онаа на Романија. А два часа подоцна е предвидено и одигрувањето на средбата во машка конкуренција со што и официјално ќе биде затворен овој проект на ФИБА за кошаркар(к)и „Под 15“ во кој нашата федерација во овој циклус, односно пет турнири, во Скопје, Призрен, Софија, Плоешти и Едирне, учествуваше со една година помлади кошаркар(к)и.