18.06.2022

На првиот ден од турнирот, и машката и женската селекција на Турција славеа убедливи победи

YDF ФИБА ТУРНИР – ЕДИРНЕ 2022: Домаќините пресилни

Први на теренот во салата во Едирен излегоа женските селекции. Очекувано, силната селекција на Турција стигна до убедлива победа од (95:28), со што само го потврди својот квалитет, макар што и на овој собир во Турција, нашите две селекции се убедливо најмладите (една година помлади во однос на противниците).

Слично се одвиваа работите и во дуелот помеѓу двете машки селекции. Домаќините уште на почетокот реализираа високо водство кое до крајот на натпреварот само го зголемуваа. И на крајот стигнаа до убедлив триумф од (143:39).

По еден ден предвиден за одмор, на 20. јуни, од 13. часот следува дуелот Македонија-Бугарија во женскиот сегмент, а од 15. часот ќе играат двете машки селекции.