20.06.2022

Во вториот круг од натпреварите на турнирот во Турција, двете наши селекции запишаа порази во дуелите со селекциите на источниот сосед

YDF ФИБА ТУРНИР – ЕДИРНЕ 2022: Две неуспешни игри против Бугарија

Во првиот меч, оној во женска конкуренција Бугарија беше апсолутно подобар противник од нашата млада селекција на кошаркарки „Под 14“ години. Славеа со убедливи (98:25).

Уште во првата четвртина Бугарките направија висока разлика (25:9), која до полувремето ја зголемија на (43:16).

Во продолжението на играта не се поставуваше прашањето кој ќе биде победникот, Бугарија ја оправда фаворитската улога.

Втор пораз на турнирот во Едирне запиша и машката селекција „Под 14“ години. Подобри од нашите млади кошаркари беа оние на Бугарија, кои стигнаа до убедлива победа (120:57).

Жарко Терзиевски со 14, и Ѓорѓи Цветковски со 11 поени, беа единствените кошаркари кои ја надминаа двоцифрената поентерска бариера во нашата селекција а овој натпревар

Утре, од 11. часот, нашата женска репрезентација ќе ги одмери силите со онаа на Косово. А два часа подоцна во Едирне е предвидено и одигрувањето на средбата Македонија-Косово во машка конкуренција.