Во првиот меч, оној во женска конкуренција, нашите млади кошаркарки го одиграа најдоброто полувреме на турнирот.
По одличниот почеток, во првите десет минути се стекавме со предност од пет поени (13:8). Продолживме во ист ритам и во вториот пеиод на играта. И како плод на добрата игра, нашата селекција во 15.минута дојде и до највисокото водство (26:17) на натпреварот. Но до истекот на полувреметото девојчињата од Косово намалија на (25:29).
По паузата, непрепознатливо издание на нашата селекција. Се што градеа избраничките на селекторот Јасмина Герасимовска загубија за неколку минути. Косово направи виствски пресврт, дури и повеќе од тоа. До крајот на третата четвртина водеа со (40:32).
Во продолжението на играта нашата селекција „Под 14“ години, стигна до (38:42), не немаше сили за да направи комплетен камбек. Косово дојде до победата (52:42).
Утре, на последниот ден од престојот во Едирне, од девет часот, нашата женска репрезентација ќе ги одмери силите со онаа на Романија. А два часа подоцна во Едирне е предвидено и одигрувањето на средбата во машка конкуренција.