Женската селекција на Македонија „Под 14“ години забележа победа над Романија во вториот одигран натпревар на турнирот во Скопје
РОМАНИЈА(Ж) – МАКЕДОНИЈА (Ж) 32:39
Романките имаа подобра игра и резултат во првите 20.минути, во кои се стекнаа со водство (21:12).
Но се беше поинаку во второто, она во кое нашите млади кошаркарки покажаа дека можат и дека вчерашниот ден, беше само една почетна, дебитантска слабост.
Одиграа одлична трета четвртина во која го најавија пресвртот. Ја решија во своја корист со (12-3), доволно за да дојдат до егал резултат (24:24).
Но тука не застанаа избраничките на селекторот Сања Адамовска. Притиснаа уште повеќе, особено во дефанзивниот сегмент. Во нападот ја имавме одличната Алексова, која со 20.поени прерасна во прв стрелец на овој натпревар, во кој во оние последни десет минути негативата од првите 20 ја претворивме во убав успех – победа.
Согласно со распоредот на натпреварите, утре, 30.ноември, двете наши селекции имаат слободен ден.
Веќе во сабота македонските ќе се сретнат со двете репрезентации на Бугарија, додека пак на затворањето на собирот во Скопје, во недела, наши противници ќе бидат младите кошаркар(к)и од Косово.
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
1.КОЛО
Романија – Бугарија (ж) 30:58
Романија – Бугарија (м) 37:63
МАКЕДОНИЈА – Турција (ж) 15:49
МАКЕДОНИЈА – Турција (м) 61:83
2.КОЛО
Бугарија – Косово (ж) 59:19
Бугарија – Косово (м) 57:26
Романија – МАКЕДОНИЈА (ж)32:30
Романија – МАКЕДОНИЈА (м) (во тек)
29. НОЕМВРИ (ПЕТОК)
15.00: Турција – Бугарија (ж)
17.00: Турција – Бугарија (м)
19.00: Косово – Романија (ж)
21.00: Косово – Романија (м)