Денеска, со натпревaрите од првото коло стартуваше новото издание на турнирот кој е дел од ФИБА проектот „развој на млади играчи до 13 години“.
А на премиерата на собирот во нашиот главен град, машката македонска репрезентација на играчи „Под 14“ години за противник ја имаше селекцијата на Турција. По почетното водство на гостинската репрезентација, изразено ссо 14.поени, во средината на втората четвртина, во третата, нашите млади кошаркари направија комплетен „камбек“. Го свртија резултатот во своја корист, но не се наградија себеси со вредна победа против, извесно, поквалитетниот противник.
МАКЕДОНИЈА(М) – ТУРЦИЈА(М) 59:79
По релативно изедначената игра во првиот период, во кој турската селекција „Под 14“ обезбеди водство (14:11), на средината од втората четвртина, гостите од Турција стигнаа до најголемото водство. Поведоа со (31:17). Но нашите млади кошаркари немаа намера да се откажат од овој натпревар.
Напротив, отворија серија во која во рок од само три минути, дојдоа до (11-0) со која се доближија до (31:28).
Во последните две минути од првото полувреме, Турција го задржа водството (35:31).
А во првите два напади од третиот период, Македонија го презема водството (36:35), кое го зголеми на (38:35). Во средишниот дел од оваа четвртина, нашата селекција поведе и со највисоки (47:39). Но противникот успеа да анулира дел од неа, и по три одиграни четвртини водевме со „половина кош“ (54:53).
За жал, не продолживме во исто темпо, противникот успеа да направи резултатски пресврт, и по неполни четири минути игра од последниот дел, поведе со (65:59).
Буквално, „закочивме“ на бројката 59, што Турција знаеше да го искористи, и со парцијално гледано (19-5), да изгради високи (72:59). Имаа гостите и уште повисоки (79:59), кога останаа да се доиграат 02:39 минути.
Јетиши реализираше 15.поени во нашата селекција,а освен тоа, имаше и извонредни 15.скока, Кермичиев имаше 13, а Филипче дополни со уште 11.реализации.
Претходно, својот меч од првото коло на турнирот во Скопје, го одиграа двете женски селекции на Македонија и на Турција.
Гостинките од Турција ја оправдаа улогата на фаворит, и стигнаа до убедлива победа (49:15).
Согласно со распоредот на натпреварите, утре навечер, ќе играме против романските репрезентации. По денот предвиден за одмор, во сабота нашите селекции ќе се сретнат со двете репрезентации на Бугарија, додека пак на затворањето на собирот во Скопје, во недела,наши противници ќе бидат младите кошаркар(к)и од Косово.
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
Романија – Бугарија (ж) 30:58
Романија – Бугарија (м) 37:63
МАКЕДОНИЈА – Турција (ж) 15:49
МАКЕДОНИЈА – Турција (м) 61:83
28. НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК)
15.00: Бугарија – Косово (ж)
17.00: Бугарија – Косово (м)
19.00: Романија – МАКЕДОНИЈА (ж)
21.00: Романија – МАКЕДОНИЈА (м)