11.04.2022

Нашите млади кошаркари имаа водство (40:33), но го испуштија во вториот дел од играта за пораз од (63:79)

„YDF“ турнир во Призрен: Одлично прво полувреме против Романија

Двете наши селекции ги загубија дуелите против врсниците од Романија.

На третиот ден од собирот во Косово, двата наши репрезентативни тимови „Под 14“ години ги загубија дуелите со соодветните селекции на Романија.

Во женскиот дуел, младите кошаркарки на Романија славеа убедлив триумф  од (83:35).

Сосема поинаква беше сликата на натпреварот во кој играа младите кошаркари.

Нашата селекција на играчи родени 2008 година и помлади, го одигра најдоброто полувреме на турнирот. Во првите 20.минути имавме убава предност од (40:33).

Но во продолжението, противникот одигра многу подобро, пред се во одбраната. Го доби третиот период со високи (26:15), за промена на водството (59:55). Во последниот и решавачки дел одигравме најслабо, нашите млади кошаркари реализираа само осум поени, примија 20, за конечни (63:79) за романската селекција.

Цветковски го заврши мечот со 21. реализација, а Петковски имаше 11. во нашата селекција.

Учеството на турнирот во Косово ќе го затвориме со утрешниот двомеч против репрезентациите на Бугарија. Натпреварите ќе се играат од 10, односно од 12. часот.