На вториот ден од собирот во Косово, двете наши селекции „Под 14“ години ги загубија дуелите со соодветните селекции на Турција.
Во женскиот дуел, младите кошаркарки на Турција славеа победа од (71:43).
Во натпреварот во кој играа младите кошаркари, селекцијата н Турција делуваше мошне убедливо и го совлада нашиот национален тим „Под 14“ години со (98:58),
Според распоредот, на 11. април, играме во раните термини (од 10 и од 12.часот), против репрезентациите на Романија, додека учеството на турнирот ќе го затвориме, еден ден подоцна, со двомечот против репрезентациите на Бугарија.