23.07.2021

Нашата младинска репрезентација ќе игра против домаќинот во полуфиналето од ФИБА Челeнџерот во Шопрон

За место во финалето, Македонија против Унгарија

Унгарците ја завршија групната фаза со максимален ефект, совладувајќи ги Белорусија, Словачка и Косово со вкупна кош-разлика од 73 поени. Во директниот дуел за првото место, Унгарија беше подобра од Белорусија со убедливи (93:81).

Таа е единствена селекција која оствари три победи во групите од Челинџерот во Шопрон. Натпреварот е на програмата в сабота од 19.30 часот.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Швајцарија која беше првопласирана во групата со Македонија и Белорусија која на досегашните три меча победи на два од нив.