И оваа година, непосредно пред секоја натпреварувачка сезона, Здружението на кошаркарски тренери на Македонија ќе организира семинар, кој заради почитување на мерките и протоколите на Ковид -19 ќе се одвива - ONLINE.
Како гости и предавачи на овој семинар ќе бидат Рајан Паноун, главен тренер на Бирминген НБА „Г“ лига, долги години тренер со сениорски тимови во израелската прва дивизија.
Одличен предавач кој активно ги прати сите збиднувања на европската кошарка (Euroleague, Eurocup) и прави анализи и компарации на секои новини кои се активни на неделно ниво.
Дејан Чикиќ, тренер и автор на книгата која ги урна сите рекорди во продаваност на овие простори и пошироко „500 drills from A to Z vol.1 vol.2“, кој воедно ќе има прилика да ги презентира двете свои книги преку предавањата и вежбите.
Воедно, Чикиќ е меѓу најдобрите тренери за млади категории, избран за најдобар тренер за млади категории во пет наврати во Словенија во периодот 2011-2018 година.
Професор Александар Ацески, редовен професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје, по предметот „Биомеханика“. И со искуство како кондициски тренер во наши кошаркарски клубови и национални тимови во младински категории.
Марино Башиќ - магистер по кинезиологија, фитнес и кондициски тренер. Избран за најдобар кондициски тренер во 2015 година според изборот на Здружението на кондициски тренери во Хрватска. Тренирал и тренира голем број на врвни спортисти како Милош Раониќ, Каролина Плишкова, Филип Зубчиќ, Мирко Филиповиќ - Cro Cop и уште многу други. Тој е гостин предавач на голем број семинари и едукации во светот и регионот.
На огромно задоволство, следува и најава за вклучување на нашата Прва лига во договор со „Синерџи спортс“ каде ќе го искористиме и за презентација на основните алатки за користење на софтверот, кој ќе биде од огромна помош и промоција на македонската кошарка како и надградба на тренерите.
Семинарот е со важност како задолжителен, за сите оние кои прв пат аплицираат за лиценца, и за сите оние кои не ги исполнуваат критериумите за тренер со соодветна категорија на лиценца.
Семинарот ќе се одржи на 25. и 26.септември (сабота и недела), и тоа со следниот распоред:
25.СЕПТЕМВРИ (САБОТА)
12:30-13:30 - Дејан Чикиќ: „Совет и планирање на престојна сезона кај млади категории низ вежби“
13:40-14:40 - Дејан Чикиќ : “Дополнителни вежби за генерации У17-У19“
15:00 -16:30 - Рајан Паноун: „Attacking switching, drop and ice PnR coverages - (Напад, ‘Пик-енд-Рол’ при различни одбрани, преземање, чекање и усмерување)“
26. СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА)
09.15-10:00 - Марино Башиќ: „Плиометрија и Speed Agility and Quickness (SAQ) тренинг“
10:00-10:50 - Александар Јончевски: „Анализа и подготовка за натпревар користејќи „Synergy sportstech software“ и „Fastdraw“ (задолжително за барем еден претставник од сите клубови во прва лига тренери/асистенти)“
11:00-12:15 - Александар Ацески: „Биомеханичка аналитика и дијагностика во функција на ефикасно планирање и реализирање на тренажниот процес во кошарка (кондициска спрема) со осврт на пoдготовките на М18 репрезентацијата на Македонија“
12:20-13:00 – „Дополнителна тема, со акцент на женска кошарка“