Непосредно пред официјалнииот почеток на новата натпреварувачка сезона во сите рангови на натпреварување, Македонската кошаркарска федерација и Секторот за внатрешни работи при МВР во Скопје договорија заеднички состанок со претставниците на сите клубови кои гравитираат,функционираат на територијата на град Скопје.
Состанокот кој има префикс на задолжителен за претставниците на кошаркарските клубови кои се со седиште во град Скопје, ќе се одржи на 24.септември (вторник), со почеток од 13. часот, во СРЦ „Кале“ во Скопје.
На собирот е предвидено да се изнајдат решенија-договор за сите неопходни заеднички мерки со цел безбедно организирање, одржување и обезбедување за претстојните натпревари кои ги организира Македонската кошаркарска федерација.
Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ во поканата до клубовите, потенцира дека е задолжително секој клуб да прати свој претставник (комесар за безбедност) на состанокот.