Овој викенд, на 26. и 27. септември, нашата федерација, во соработка со Здружението на кошаркарските тренери ќе го реализира првиот, задолжителен, тренерски семинар за сезоната 2020/2021.
Со оглед на моментално неповолната здравствена ситуација во нашата земја, предизвикана од пандемијата од КОВИД-19, предавањата ќе бидат изведени интерактивно, односно со помош на ZOOM апликацијата.
На првиот ден на семинарот, на 26. септември, свои предавања ќе имаат Јовица Арсиќ, некогашен селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија и актуелен шеф на стручниот штаб на бугарскиот прволигаш Балкан од Ботевград, Тане Спасев, кој беше координатор на кампот за млади кошаркар(к)и „Маврово 2020“, како и шефот на стручниот штаб на КК Гостивар, Марјан Србиновски.
На вториот ден на семинарот, на 27. септември, (недела), освен Арсиќ и Спасев, свое излагање ќе има и деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Проф-Др Ленче Алексовска- Величковска.
ПРВ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ТРЕНЕРСКИ СЕМИНАР ЗА СЕЗОНА 2020/2021
Распоред на активности на задолжителен тренерски семинар
26-27.09.2020 година
Локација – Спортско рекреативен центар „Кале“ - Скопје
26.09.2020 (сабота)
Тане Спасев
16:00-17.30 – ТЕМА: „Дефанзивна транзиција“
Јовица Арсиќ
17:30-19:00 – ТЕМА: „Користење на играта на ‘низок пост' во современата кошарка“
Марјан Србиновски
19:00-20.30: ТЕМА: „Офанзивна транзиција“
27.09.2020 година (недела)
Тане Спасев
10:00-11:30 – ТЕМА: „Агресивна одбрана 'човек на човек' “
Јовица Арсиќ
11:30-13.00 – ТЕМА: „Варијанти на напад од челна линија и од странична линија, односно ‘BOB’ и ‘SOB’ “
Проф. д-р Ленче Алексовска-Величковска
13:00-14:30 – ТЕМА: „Односи на релација ‘тренер-играч’ “