31.08.2020

Два порази запишаа „зелено-црните“ на првите проверки во подготвителниот период.

Загревање за Димитријевиќ и Хувентуд, дуели со Барселона, Валенсија, потоа Андора...

Нешто порано од другите земји, дел од клубовите од „Ендеса“ лигата веќе започнаа и со одигрување на контролни мечеви. Исклучок не е ниту екипата на Хувентуд, која одигра веќе два.

Синоќа за противник Ненад Димитријевиќ и неговите соиграчи ги имаа своите соседи од „Блауграна“. На крајот, во натпревар со мал број на поени, Барселна стигна до триумф од (75:68).

Македонскиот репрезентативен бек имаше ефект од осум поени и четири успешни додавања на оваа втора проверка.

На онаа првата, во Тарагона, противник им беше Валенсија, екипата за која се зборува дека ќе биде идниот клуб на Димитријевиќ.

Тимот од Валенсија славеше со (94:82), а Димитријевиќ беше еден од подобрите во тимот од Бадалона. Заврши како трет стрелец со 10 поени.

Во текот на онаа седмица, Хувентуд го очекува и „Лигата на Каталонија“, а противник во полуфиналето, закажано за петок (20.30 часот), во салата „Блауграна“ во Барселона, им е екипата на Морабанк Андора.