16.11.2018

Заклучоци од редовна седница на УО, одржана на 15. ноември, 2018 година

Управниот Одбор при Македонската кошаркарска федерација на седницата одржана на 15. ноември (четврток) во просториите на МКФ ги донесе следните заклучоци:

1. Сезона 2018/2019 да се игра со систем бергер од 12 екипи и покрај тоа што се натпреваруваат 11 екипи. Дванаесеттиот испаѓа од прва лига директно,  а единаесеттиот игра бараж (само со домашни играчи) со второпласираната екипа од втора лига. Првопласираната екипа од втора лига влегува директно во прва лига за следната сезона.

2. Сезона 2019/2020 да се игра со систем бергер од 12 екипи. Дванаесеттиот испаѓа директно,  а единаесеттиот игра бараж (само со домашни играчи) со второ пласираната екипа од втора лига. Првопласираната екипа од втора лига влегува директно во прва лига за следната сезона.

3. За сезона 2020/2021 да се изработи предлог со намалување на бројот на екипи на 10 и начинот на влез и излез од прва лига. Исто така да се изработи и предлог за системот во втора и евентуално трета лига.

4. Висината на премијата за сениорската официальные казино на деньги репрезентација доколку се пласира за квалификациите за Европско првенство и тоа:

  • 1.000.000,00 денари нето вкупна сума доколку се пласираат без пораз,
  • 750.000,00 денари нето вкупна сума доколку се пласираат како први во група со кош разлика.

5. Висината на дневниците за сениорските машка и женска репрезентација ќе изнесува 10 евра дневно.

6. Повторно да се испрати допис до сите клубови да пријават тренери и други службени лица меѓу кои и задолжително доктор. Да се известат службените лица на натпреварите (делегати и судии) дека е задолжително екипата да има тренер и доктор на натпревар.