22.09.2021

...

Заклучоци од состанокот со екипите од Првата А и Б лига-жени

На состанокот со екипите учеснички во Првата А и Б лига жени, беа донесени следниве заклучоци:

-Секоја екипа треба да ги подмири финансиските долгувања кон КФСМ до пред почетокот на новата натпреварувачка сезона 2021/22,

-Согласно препораките на Владата на РСМ за одигрување на натпреварите во сениорските лиги, секоја екипа пред натпревар е должна да покаже за секој учесник важечки документ за најмалку една примена доза од вакцината, или ПЦР тест за Ковид 19 не постар од 48 часа,

-Исто така, согласно препораките на Владата, дозволено присуство на гледачи во салата е 30% од капацитетот на седишта во салата. Гледачите мора да бидат вакцинирани (приложен документ за вакцинација на редарската служба во салата),

-Термините за одигрување на натпреварите да се пријават во канцеларијата за Сениорски лиги веднаш по завршување на тековното колото,

-Официјалната топка за натпреварување и за оваа натпреварувачка сезона 2021/22 во Првата А лига жени останува топката „Вилсон“,

-Доколку клубот пријави две (2) младински екипи, ќе биде ослободен од трошоците за котизација и службени лица, во спротивно ќе треба да ја подмири котизација од 200 евра и да ги покрие трошоците за службените лица,

-Екипите од Првата А лига жени должни се да обезбедат livestream и статистика на нивните натпревари,

-Согласно потребата за правилна заштита на спортистите, а по препорака на Здружението на специјалисти по спортска медицина на РСМ, од оваа натпреварувачка сезона 2021/22 се ограничува бројот на младите играчи кои можат да настапуваат во сениорските лиги. Имено, во сениорските лиги дозволен е настап на само четири (4) кошаркарки кои се родени под 16 години, но не помлади од 14 години. Во прилог и препораките од Здужението на специјалисти по спортска медицина,

-На состанокот беше извршено и извлекувањето на натпреварувачките броеви за сезоната 2021/22 во Првата А и Б лига жени. Во прилог ви ги доставуваме распоредите на натпревари.