На состанокот со екипите учеснички во Првата лига-мажи, беа донесени следниве заклучоци:
-Секоја екипа треба да ги подмири финансиските долгувања кон КФСМ до пред почетокот на новата натпреварувачка сезона 2021/22,
-Согласно препораките на Владата на РСМ за одигрување на натпреварите во сениорските лиги, секоја екипа е должна пред натпревар да покаже за секој учесник важечки документ за најмалку една примена доза од вакцината, или ПЦР тест не постар од 48 часа,
-Исто така, согласно препораките на Владата, дозволено присуство на гледачи во салата е 30% од капацитетот на седишта во салата. Гледачите мора да бидат вакцинирани (приложен документ за вакцинација на редарската служба во салата),
-Термините за одигрување на натпреварите да се пријават во канцеларијата за Сениорски лиги по завршување на колото,
-Екипите се должни да обезбедат стабилен интернет како би можеле преносите во живо да се одвиваат непречено,
-Секоја екипа да достави фотографии од секој играч и член на стручниот штаб за потребите на сајтот на КФСМ и МРТ,
-Официјалната топка за натпреварување и за оваа година останува топката Вилсон,
-Синерџи платформата за скаутинг за која годинава покрај клубовите ќе партиципира и КФСМ, изнесува 500 евра. Условотот за да се добие пристап до истата е да се согласни сите 12 клубови.
-Котизацијата за натпреварување и за оваа натпреварувачка сезона е 8.000 евра, која екипите се должни да ја платат на 8 рати по 1.000 евра,
-На состанокот беше извршено и извлекувањето на натпреварувачките броеви за сезоната 2021/22 во Првата лига мажи.