На состанокот со екипите учеснички во Третата лига мажи, беа донесени следниве заклучоци:
-Секоја екипа треба да ги подмири финансиските долгувања кон КФСМ до пред почетокот на новата натпреварувачка сезона 2021/22,
-Согласно препораките на Владата на РСМ за одигрување на натпреварите во сениорските лиги, секоја екипа пред натпревар е должна да покаже за секој учесник важечки документ за најмалку една примена доза од вакцината, или ПЦР тест за Ковид 19 не постар од 48 часа,
-Исто така, согласно препораките на Владата, дозволено присуство на гледачи во салата е 30% од капацитетот на седишта во салата. Гледачите мора да бидат вакцинирани (приложен документ за вакцинација на редарската служба во салата),
-Термините за одигрување на натпреварите да се пријават во канцеларијата за Сениорски лиги веднаш по завршување на тековното колото,
-Официјалната топка за натпреварување за оваа натпреварувачка сезона 2021/22 е по сопствен избор, но истата мора да го има знакот на ФИБА,
-Доколку екипата пријави само четири (4) играчи постари од дваесет (20) години на пријавната листа за натпревар, се ослободува од котизацијата за натпреварување и од трошоците за службените лица, во спротивно ќе треба да ги подмири и котизацијата од 500 евра и трошоците за службените лица,
-Екипите - домаќини се должни да ги снимаат натпреварите,
-Согласно со потребата за правилна заштита на спортистите, а по препорака на Здружението на специјалисти по спортска медицина на РСМ, од оваа натпреварувачка сезона 2021/22 се ограничува бројот на младите играчи кои можат да настапуваат во сениорските лиги. Имено, во сениорските лиги дозволен е настап на само четири (4) кошаркари кои се родени под 16 години, но не помлади од 14 години. Во прилог и препораките од Здужението на специјалисти по спортска медицина,
-На состанокот беше извршено и извлекувањето на натпреварувачките броеви за сезоната 2021/22 во Третата лига мажи.