22.09.2021

...

Заклучоци од состанокот со екипите од Втората лига-мажи

На состанокот со екипите учеснички во Втората лига-мажи, беа донесени следниве заклучоци:

-Секоја екипа треба да ги подмири финансиските долгувања кон КФСМ до пред почетокот на новата натпреварувачка сезона 2021/22,

-Согласно препораките на Владата на РСМ за одигрување на натпреварите во сениорските лиги, секоја екипа пред натпревар е должна да покаже за секој учесник важечки документ за најмалку една примена доза од вакцината, или ПЦР тест за Ковид 19 не постар од 48 часа,

-Исто така, согласно препораките на Владата, дозволено присуство на гледачи во салата е 30% од капацитетот на седишта во салата. Гледачите мора да бидат вакцинирани (приложен документ за вакцинација на редарската служба во салата),

-Термините за одигрување на натпреварите да се пријават во канцеларијата за Сениорски лиги веднаш по завршување на тековното колото,

-Официјалната топка за натпреварување и за оваа натпреварувачка сезона 2021/22 останува топката „Вилсон“,

-Котизацијата за оваа натпреварувачка сезона 2021/22 се намалува на 800 евра, на 2 рати по 400 евра. Причината за намалување е зголемувањето на таксите за службените лица,

-На состанокот беше извршено и извлекувањето на натпреварувачките броеви за сезоната 2021/22 во Втората лига мажи. Во прилог ви го доставуваме распоредот на натпревари,

-На иницијатива на претставникот на КК Хераклеа беше даден предлог за нов претседател на здружението на екипите од Втора лига мажи да биде претставник од КК Чаир 2030 за сезона 2021/22. Сите претставници од 7-те присутни клубови на состанокот се сложија по предлогот,

-На состанокот беше извршено и извлекувањето на натпреварувачките броеви за сезоната 2021/22 во Втората лига мажи.