05.05.2017

Заклучок од одржан состанок со клубовите учесници во Плејофот

На иницијатива на комесарот за натпреварување, Владо Цветковски, во канцеларијата на Македонската кошаркарска федерација беше одржан состанок на кој беа донесени неколку одлуки за превентивни мерки во пресрет на полуфиналните дуели од Плејофот во машката прва лига. Безбедноста на сите актери на натпреварите - играчите, но и официјалните лица беше ставена на прво место. Сите донесени одлуки мора да се почитуваат, а официјалните лица мора да постапуваат според Пропозициите за натпреварување.