27. ден од месецот мај е предвиден за реализација на последниот настан кој е дел од проектот „Baski“ чиј составен дел во изминатите две години е и нашата федерација.
Од 17.часот, во салата на СРЦ „Кале“, а по поздравниот говор на генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски, како дел од завршната агенда, дел од тренерите вклучени во делот-модулот наречен „СREATIVITY“, заедно со своите млади помошници, кошаркари и кошаркарки родени 2008 година, ќе демонстрираат и дел од показни вежби за оваа возрасна категорија на играчи.
АГЕНДА НА НАСТАНОТ
17.00: Пристигнување на учесниците и задолжување на спортска опрема
17.15: Пречек на тренери и на учесниците во сала
17.20. Најава на настанот од страна на генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски
17.30-18.00: Демонстрација на вежби од модулот „CREATIVITY“