МЗТ Скопје Аеродром им се врати на домашните обврски. На домашен терен во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ за противвник ја имаше екипата на Академија ФМП.
Откако создадоа висока разлика во првото полувреме, „металците“ порелаксирано го одиграа второто, и стигнаа до планираното – два бода
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ - АКАДЕМИЈА ФМП 95:61
Ако во првата четвртина гостите од Кисела Вода одржуваа каква-таква резултатска и играчка рамноправност, (само еднаш резултатот беше нерешен, 3-3) работите се сменија на почетокот на втората.
Мекиќ и Крстевски ги диктираа работите во нападот на домашната екипа во која по подолго време се вратија Магдевски и Олуџоби. Како одминуваа минутите, така „аеродромци“ ја покачуваа солидната позитива (25:19) реализирана во десет првите десет минути. До полувремето ја „качија“ на 16 (47:31).
Мотивацијата кај „металците“ не падна и по одморот. Водени од фактот дека пред непол месец доживеаја вистински дебакл на гостувањето во Кисела Вода (по што дојде смената на првата тренерска позиција), во продолжението, по двете тројки на капитенот Стојановски, за помалку од две минути, веќе беше плус 20 за „сино-белите“ (55:35).
Но тука не застанаа, на средината од третиот период, имаа и уште поголеми (66:39). За дефинитивна потведа на триумфот со кој МЗТ Скопје Аеродром се „мрдна“ од бројката на 11.одиграни средби. Сега имаат ефект (8-4), и полека се качуваат на првенствената табела на која Академија ФМП е на половичен скор, десет победи и десет порази.