Кошаркарите на Работнички успеаја да дојдат до уште една победа во серијата, онаа победничката, реализирани во изминатиот период. Посебно важна затоа што е извојувана против вечниот ривал, МЗТ Скопје и тоа на гостувањето во Аеродром.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – РАБОТНИЧКИ 74:75
Одличен почеток имаше домашната екипа. Предводени од расположенипт Олуџоби кој во првата четвртина реализираше 11.поени (и 3.скока), МЗТ Скопје Аеродром брзо стигна до солидна предност. Имаа (18:9) по нецели осум минути од играта во дерби-дуелот во „Јане Сандански“.
На истекот на првата четвртина, „сино-белите“ ја задржаа предноста, водеа со (21:13). Но тука „металците“ не застанаа, се потрудија и изградија и двоцифрена разлика, која по забивањето на Карачиќ изнесуваше 11.поени, (30:19) во 14.минута.
Ако Олуџоби беше централна фигура во првата четвртина, тој епитет во втората го доби Торнтон. Силното крило го врати Работнички комплетно во игра. Со помош на динамичниот Младеновиќ, кој донесе доста побрза игра по влегувањето, по 14.поен на Американецот гостите преку серијата (17-7), беа во заостанување од само еден поен (38:39), на 71.секунда пред крајот на првото полувреме.
Таква беше предноста (41:40) за МЗТ Скопје Аеродром по првите 20.минути.
Во третиот дел од играта многу подобра игра на гостите. Предводени од Младеновиќ и Бундовиќ, „црвено-белите“ направија целосен пресврт, и последниот дел од играта во дербито го дочекаа со плус од четири поени (64:60).
Но со серијата (11-2) во која главен бор имаше Мекиќ, аеродромци одново ја вратија предноста на своја страна. По пет минути игра во четвртиот период имаеше (71:66).
Серијата, со тројка ја прекина малку „видливиот“ Мулалиќ, за (71:69), и резултат кој стоеше во 36.минута.
По неговата нова тројка, Работнички поведе (75:74). Останаа 25. секунди во кои Гравет ја направи клучната грешка, згора на тоа домашните кошаркари не беа во „бонус“. Не ги „потрошија личните“, па победата остана за Работнички.
За нив 12. Во досега 17.одиграни мечеви во Првата лига. За МЗТ Скопје Аеродром пак ова е шестата загуба во 16.одиграни мечеви.