Со одлична и ефикасна игра во вторите 20.минути, гостите од Гостивар успеаја да изненадат, и да слават победа на гостински терен во СРЦ „Кале“ против екипата која не знаеше за пораз во изминатиот период.
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 79:83
Гостиварци ја добија првата, но и последната четвртина од дуелот во Скопје. Првата макар и минимално (27:26), но последната доста убедливо, со резултат (26:16).
Работнички, засилен со присуството на Иван Аска, повлече многу посилно на почетокот на втгората четвртина. Со серија (12-4) домашната екипа поведе со (38:31) по нецели четири минути од играта во втората четвртина.
Предвоени од Младеновски (10.поени) и Ефремоски (11.поени), „црвено-белите“ направија вишок од седум поени (40:33) по 16.минути од дуелот во СРЦ „Кале“.
Домашниот тим успеа и да задржи добар дел од таа позитива до крајот на 20.минута, макар што беа „покуси“ за три поени (44:40).
Второто полувреме, особено последниот период од играта, во целост им припадна на гостинските кошаркари. Во последниот дел од играта, Гостивар направи целосен пресврт и во играта и во резултатот.
Во последната минута од мечот во СРЦ „Кале“, двете елипи, по поените на Американецот Питс од линијата за слободни фрлања влегоа со нерешени (76:76). Се чини дека пресуди тројката на Костоски, реализирана на 37.секунди пред сирената. Макар што во следниот напад, Костоски погоди уште две слободни фрлања, за плус 5 (81:76) за Гостивар.
А во преостанатите 19 секунди, прво Бундовиќ од истото место, а потоа и Младеновски од одбојка, го донесоа Работнички до (79:81).
Но Костоски остана мирен од линијата за еден поен. Реализираше уште два „пенали“ и му ја донесе победата на Гостивар (83:79).
За нив вкупно 12, во 21. одигран натпревар од Првата лига. За Работнипки пак ова беше прекин на серијата, и само шести загубен натпревар во 18. првенствени средби со кој и дефинитивно се простија од трката за позицијата број 1 пред плеј-офот.