16.04.2021

„Зелeно-белите“ делуваа сигурно и лесно го победија составот на ТФТ (104:68)

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР ОД 14. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пелистер не ја дава „единицата“

Не ги реализираа високите очекувања кошаркарите на ТФТ на гостувањето во Битола. Уште еднаш во оваа сезона „пелистерци“ покажаа моќ, сила, знаење, иако во оние 40.минути влегоа со сериозен хендикеп

ПЕЛИСТЕР – ТФТ   104:68

Пелистер мораше да го одигра овој натпревар без суспендираниот Бојан Трајковски и неговата замена, новакот Силаѓи, па местото во стартната петорка го зазема младиот Павле Михајлоски.

Уште поголем хендикеп се чини беше и отсуството на шефот на стручниот штаб, Марјан Илиевски (болест).

Но тоа не м посмета на „зелено-белите“ да постават своја игра, да доминирата практично од првата до последната минута од играта против екипата која ги задолжи доста со оној убедлив пораз кој битолчани го доживеаја во „Кале“ во првиот дел од првенството во кое се скоро сигурно најдобри во првата фаза.  

ТФТ бараше, посакуваше многу на ова гостување во кое дури со триумф и ќе го стигнеа својот вечерашен противник, според бројот на победи односно порази.

Но „црно-белите“ покажаа многу малку од својот репертоар во салата „Боро Чурлевски“. Во ниту еден момент, момците на тренерот Боро Смилковски не беа конкуренција на лидерот во шампионатот.

Уште еднаш, по којзнае кој пат, прво Малешевиќ. А потоа и Кесар (во три периоди по 22.поени) го предводеа битолскиот состав кон успехот, во што обилно има помогна и Стајиќ, третиот двоцифрен кошаркар во екипата од Битола која на полувремето имаше двоен број на поени како предност (45:33).

Без никакви промени во играта, на двете страни протекна и третата четвртина, со забелешка дека доманата екипа уште повеќе го зголеми своето водство кое отиде и преку дваесет поени. По 32.минути водеа со 22 (77:55), што беше најава за уште еден триумф.

Или број 16, во 21 одигран меч во овој регуларен дел од сезоната. Резултат кој теоретски може да го стигне само уште екипата на Работнички, која има уште пет меча за доигрување. Но и гостување во Битола каде треба да бара победа изразена со повеќе од 25.поени.

За ТФТ пак ова беше седмиот загубен натпревар во досега 19. одиграни.