„Сино-белите“ од Аеродром ја оправдаа улогата на фаворит. И славеа паниран триумф против екипата која се подготвува за баражот во Првата лига.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ВАРДАР 82:66
Домашната екипа одигра малку подобро Во првата четвртина. Имаа предност од четири поени (21:17) на истекот на 10.минути од играта против Вардар.
Многу значајно за домашната екипа беше враќањето на репрезентативниот двоец, Стојановски-Магдевски. Момент кој и тоа како се почувствува во играта на „металците“ кои утре, рано изутрина патуваат за Подгорица, каде ги очекува финалниот „балон“ од АБА 2 лигата.
На две минути пред истекот на втората четвртина, МЗТ Скопје Аеродром поведе и со двоцифрена предност од (38:26), а на крајот на првото полувреме таа разлика беше изразена со плус од 11.поени, (42:31).
А Андрија Бојиќ со 14.поени, беше првиот реализатор на средбата во СЦ „Јане Сандански“. Девет поени даде Карачиќ, а Стојановски два помалку.
На другата страна, десет поени даде Ташовски, а еден помалку Дикембе.
По нерешениот трет период во кој двете екипи си поделија по 13. поени, во последниот период „металците“ ја потврдија новата победа. За нив 11. во 17.одиграни мечеви, а пред утрешното заминување во Подгорица, каде ги чекаат настапите од финалниот турнир во АБА 2 конкуренцијата.
Од друга страна пак Вардар го запиша 16. пораз во досега 20.одиграни натпревари во друштвото на најдобрите.