09.02.2022

Последнопласираната екипа во Првата лига слави победа над најтрофејниот клуб во Македонија со (73:64)

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР ОД 14 КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: И Ангели му ја земаа мерката на Работнички

Новакот во друштвото на најдобрите дојде до вториот триумф во сезоната. „Жртва“ беше Работнички....

АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ              73:64

Гостите од „Градски парк“ ја добија првата четвртина, и тоа убедливо, со (27:14), период од играта во која поентерската улога ја имаа Какруки и капитенот Марковски.

Но домашната екипа брзо се врати во натпреварот.

Ја искористија својата шанса кошаркарите на Ангели во втората четвртина во која беа многу подобри од противникот Ја реализираа во своја корист, со високи (22:9), па на полувремето и двете екипи заминаа со индентични (36:36).

Затоа пак доста израмнето се играше во продолжението од средбата во салата „Независна Македонија“. Ниту една од двете екипи не направи некоја сериозна предност.

Во 17 минута од играта, Ангели водеше со (50:48). А серијата, избраниците на тренерот Горан Ѓорѓиевски ја затворија со уште поголемо водство од (56:52) по три одиграни четвртини.

По тројката на Деолски, таа разлика беше уште поголема,порасна на највисоките (59:52). По серијата од (7-2), домашната екипа беше на уште подалечни, се покажаа и како недостижни (63:54). Последната четвртина беше недоволна за „она што остана во Работнички“ биде конкуренција, макар и за последно пласираната екипа во друштвото на најдобрите.

Милков дојде до 18. реализации, Деолски и Раме имаа по 17, во новиот успех во Првата лига. Во неуспешното деби на Игор Михајловски како шеф на струката на Работнички, Марковски и Какруки уфрлија по 17.поени, додека Данаиловски финиираше со десет.

Па по 14 одиграни натпревари, сега, кошаркарите на Ангели се на скор (12-2), и со значително зголемени шанси во трката за опстанок во друштвто на најдобрите екипи во Македонија.