По релативно изедначените 20. минути од првото полувреме, избраниците на тренерот Горан Самарџиев во наредните десет го скршија отпорот на Навико Академија ФМП, доволно за покачување на резултатскиот биланс (8-7) на првенствената табела.
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП 86:74
По доста израмнетиот прв дел од натпреварот, кошаркарите на Еуро Никел 2009 продолжија многу подобро по оние задолжителни 15 минути за одмор. Пред се во играта во одбраната. Во третата четвртина кавадарчани и ја направија клучната разлика.
Ако првото полувреме го „затворија“ само со (43:40), во продолжението на играта беа на висина на задачата. Во третиот период од играта направија (23-7), за скоро недостижен плус од (66:47).
Но со серија од (9-0), Навико Академија ФМП поништи добар дел од високата негатива. Се „симнаа“ гостите на прифатливи (56:66), но сеуште беа далеку од целта. По четири минути игра во тој последен дел, серијата на гостите, со тројка, ја прекина Димчевски, негов 17. поен дотогаш.
Но Ајви и Кошанин немаа намера така рано да се предадат. На средината на четвртината го донесоа гостинскиот Самите се виновни за тоа, имаа „добитна комбинација“, но тимот од Никшиќ не се предаде, и победи со минимални (56:55) тим и на едноцифрен минус од осум поени, (61:69).
Сепак, уште еднаш, со точен шут за три поени (шести од осум обиди), ги „одби“ Димчевски. Впрочем, тоа беше и последниот обид на „лавовите“ од Кисела Вода во салата „Јасмин“.
Еуро Никел 2005 ја оствари осмата победа по 15. одиграни кола, во која освен одличниот Димчевски (застана на 23.поени, односно 7/10 во шутот за три поени) поентерски партиципираа и Николовски со 14, односно Самарџиски со 10.поени.
Бри Ајви беше уште еднаш најдобриот поединец кај Навико Академија ФМП. Беше стрелец на 31. поен, Кошанин додаде 16, а Стојановски дополни со уште 12. реализации