15.02.2022

Младиот тим од „Градски парк“ се бранеше само во првата четвртина...Убедливи и сигурни (91:57) за гостиварци

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР ОД 15. КОЛО: Серијата на Гостивар продолжува, Работнички не е ривал по мерка

Се друго беше на страна на „сино-белите“ кои запишаа уште еден првенствем успех и најавија успешни игри на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ кој од 18. до 20. февруари ќе се игра на истото место, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР        57:91

По солидното издание во првиот период, домаќините закочија на бројката од 19. поени, Серијата од девет пени по ред ги однесе гостиварци во многу „помирни води“. Поведоа со (28:19). Но тука не застанаа, ја продолжија таа серија и до (15-5), по што стигнаа и до двоцифрен плус од (34:24), како што беше резултатот во 16.минута. До истекот на полувремето гостите од Гостивар направија уште поголема разлика, водеа со (44:31).

Ворку реализираше 15, а искусниот Јанески уште 14.поени во тие први 20.минути во кои „сино-белие“ ја најавија и шестата последуватена победа во првенството. Марковски и Какруки имаа по осум на другата страна од теренот.

Гостивар доминираше и во продлжението на мечот, од минута во минута го зголемуваа водството, и не дозволија никакво изненадување. За 11. победа во 16 досега одиграни натпревари во друштвото на најдобрите, и место во првата „четворка“ од шампионатот.