25.04.2021

МЗТ Скопје Аеродром им се врати на домашните обврски со убедлив триумф над дебитантот во Првата лига (97:78)

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР ОД 15.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Металците“ брзо заборавија на Подгорица, настрада ТФТ!

Тимот на Дарко Радуловиќ беше далеку подобар, помоќен, подоминантен, во однос на домашниот кој никако не може да излезе од играчката, согласно со тоа и резултатската криза, која го симнува некоку места подолу на првенствената табела.

ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ           78:97

Брзо заборавија кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на прераната елиминација во натпреварите во АБА 2 лигата.

Брзо им дојде дуелот за рехабилитација, оној против ТФТ во СРЦ „Кале“.

И одлично го отворија „сино-белите“ од Аеродром. Имаа феноменална прва четвртина во која на противникот му уфрлија дури 35. поени. Примија 20, и уште на почетокот на мечот беше јасно на која страна ќе оди натпреварот.

Гостите знаеја дека најголем проблем на ТФТ е „висината“, па на теренот во најголем дел беа Олуџоби и Бојиќ, кои уште во почетните минути воспоставија скокачка доминација (13. спрема 5, во првите 10.минути).    

Од напад во напад растеше предноста на „металците“ која по три минути од втората четвртина (46:22).

За пет и пол минути, со серијата од (18-4) гостите беаш уште подалеку. До полувремето таа висока разлика ја сочуваа. Имаа плус од 22. поени (57:35).

Во второто полувреме како да спласна онаа амбиција за уште поголема предност. Мошне млако се играше на двете страни. Се чини дека гостите сакаа што побрзо да истечат оние вторит 20.минути, за да ја заверат новата победа во шампионатот која ги става во редот на екипи кои дефинитивно плеј-офот ќе го дочекаат во првата половина на табелата. Со серија од (10-3) ТФТ се спушти под онаа стандардна негатива од 20 и плус поени. На 2:25 минути пред истекот на третата четвртина „црно-белите“ намалија на (55:73).

 Сличен беше резултатот и по 30.минути игра (79:60) за МЗТ Скопје Аеродром.

Како магична, недостижна се покажа разликата од 16.пони за домашните кошаркари. Притискаа постојано да ја сведат на едноцифрена. Но Олуџоби не им го дозволи тоа. Со неколку забивања по ред, ја одржуваше на комотна, и гаранција за нова победа во првенството во кое ги чека еден пеколен распоред до крајот на регуларниот дел.