И повеќе од очекувана, уште една победа на МЗТ Скопје Аеродром во серијата на оние заостанати натпревари од регуларниот дел од сезоната. особено ако се земе в предвид дека ривал им беше вториот тим од Аеродром, МЗТ Скопје Уни Банка.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА 94:69
Првиот тим на МЗТ Скопје многу подобро го одигра уводниот дел од овој слободно може да се окарактеризира, и како пријателски меч.
Поискусните направија двоцифрена предност во десет минути, поведоа со (29-17), разлика која ја одржуваа во продолжението од играта во кое се истакна Леонид Тодоровски.
Потенцијалниот сениорски репрезентативец за нецели 14. минути, уфрли 14 од вкупно 27. поени за МЗТ Скопје Уни Банка, и практично самиот ја симна негативата на едноцифрена. Односно како што беше забележано во средината на вториот период, (36:32) за МЗТ Скопје Аеродром.
Но до крaјот на првиот дел, првата „постава“ на клубот од Аеродром сепак имаше двоцифрена залиха. Водеше се десет поени преднот (51:41).
Сите дилеми околу конечниот победник, ако воопшто постоеја, беа решени во третата четвртина, во која МЗТ Скопје Аеродром „побегна“ на недостижни (78:55).
За МЗТ Скопје Аеродром ова беше 19.меч во сезоната од Првата лига, и 13. победа (со шест порази), која ги качува „сино-белите“ на горните позиции на табелата.
За нивниот втор тим, ова беше натпревар број 21, во кој го запишаа 15.пораз (имаат и шест победи).