21.04.2021

Работнички им се врати на победите. Го скршија отпорот на Вардар во второто полувреме (92:72)

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР ОД 16.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ:„Вардарци“ се бранеа само едно полувреме

Вардар имаше сили да се брани од нападите на поквалитетниот противник само во првите 20.минути. Кога и резултатот беше егал (38:38).

Се беше поинаку во второто полувреме во кое „црвено-белите“ ја оправдаа фаворитската улога и го продолжија успонот кон горните места на табелата во Првата лига.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР     92:72

Интересно, од оние 38 поени за Работнички на полувремето, 11. беа поени на Питс, а новото име во екипата Иван Аска имаше деби полувреме за паметење.

Уфрли 19.поени, со одлична реализација во шутот од поле (8/10), дополнети со пет скока, за нецели 16.минути поминати на теренот.

На другата страна, „појава“ на уште едно ново име во нашата Прва Лига. Михајло Богдановиќ постигна 12 поени за Вардар на премиерниот настап во „црвено-црниот“ дрес.

Со серијата (13-4) во три и пол минути игра од третата четвртина, Работнички се одлепи на солидни (51:42).

Пресудна беше таа трета четвртина во која домашната екипа се стекна со двоцифрено водство (67:57).

Иако се обидуваа, „соседите“ не најдоа начини да се вратат од таа висока негатива.

За Работнички ова беше 19. натпревар од регуларниот дел од сезоната во кој го запишаа својот 13. триумф (имаат и шест порази).

„Вардарци“ пак го одиграа својот 21.меч во првенството и останаа на бројката од четири победи (сега  17.порази).