На стружани не им помогнаа ниту тројцата нови играчи за да ја прекинат серијата на порази. Кумановци, од друга страна, со овие два бода го потврдија својот пласман во доигрувањето за шампионската титула.
ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ – КУМАНОВО 2009 81:83
Доста добар почеток имаше „фенерџијата“ во Првата лига во дуелот со Куманово 2009.
„Освежени“ со дури три нови имиња во ростерот, стружани имаа многу подобар почеток во однос на гостите од Куманово. Во првата четвртина остварија и предност од (23:18).
Но во вториот период, екипата од Куманово, преку двоецот Андрејевиќ-Ѓекиќ (заедно 26.поени), успеа да направи и играчки и резултатски пресврт, и до одморот да изгради водство од шест поени (44:38).
Откако го превземаа водството, гостинските кошаркари немаа намера да му го препуштат на противникот. Во средината на последниот период беа уште „подалеку“ од стружани, водеа со (77:69).
Но со серија од шест поени по ред, Црн Дрим Грин Мобиле се доближи до -4 , (75:79) со кои се влезе во последните две минути од дуелот во СЦ „Тими“ во Струга. А по тројката на Лефкоски, стружани беа уште поблиску до резултатот на противникот (79:81). Клучните два поени беа дело на Ливингстон. На девет секунди пред крајот, американскиот бек погоди за недостижни (83:79) и пласман на Куманово 2009 во плеј-офот.
За Куманово 2009 ова беше пресудната победа со која и дефинитивно го потврдија своето учество во доигрувањето за титулата. По 20. одиграни средби имаат скор (11-9) и во последните два меча може да го „набилдаат“ овој скор, и да обезбедат подобро место на табелата во пресрет на плеј-оф натпреварите.
Црн Дрим Грин мобиле ќе го чека плеј-аутот со скор од само една победа во досега 20. одиграни мечеви.