Дури во последните десет минути од дуелот во Струга, кошаркарите на Работнички заиграа како треба. негативата од шест поени ја претворија во двоцифрена разлика и некако го скршија отпорот во Црн Дрим Грин мобиле.
ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ – РАБОТНИЧКИ 78:85
Вистинска резултатска „клацкалка“ се случуваше на теренот во СЦ „Тими“ во Струга во дуелот на Црн Дрим Грин мобиле и Работнички. Скоро три четвртини од играта двете екипи најчесто беа во егал, или пак некоја од нив имаше три-четири поени „вишок“.
Дури во последните минути од третата четвртина, Црн Дрим Грин мобиле беше екипата која поведе со „дури“ седум поени (60:53), за тој дел од играта биде затворен со скоро идентични (62:56), во полза на екипата која се опишутва како аутсајдер (поради една победа во 20 одиграни мечеви).
Пресуди последната четвртина...
Работнички ја сфати сериозноста на проблемот со кој се соочија во претходните 30.минути. Во првите неколку напади ја анулираа негативата. На минута пред крајот на тој последен период имаа двојно повеќе дадени – 28 во однос на примени поени – 14.
Па стана јасно дека Рабтнички ќе дојде до планираните бодови кои ги сместуваат во групата на екипи со по шест порази, Или оние кои ќе бидат во првата „четворка“ на истекот на првата група фаза од шампионатот пред онаа елиминациската – плеј-офот.