Екипата на Навико Академија е осмиот и последен учесник во плеј-офот, односно доигрувањето за шампионската титула.
Кошаркарите од Кисела Вода стигнаа до најважниот триумф во првиот дел од шампионатот откако на гостински терен го совладаа ТФТ, и тоа доста убедливо.
Учинокот од 11.победи и исто толку порази во регуларниот дел, им носи опстанок во друштвото на најдобрите
ТФТ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП 65:77
Во дуелот на одлука, избраниците на тренерот Александар Петровиќ делуваа максимално мотивирано, за разлика од својот ривал, кој прикажа уште една слаба игра. И личеше на екипа која како едвај да го чека крајот на сезоната.
Две одлично одработени четвртини, втората и третата, во кои акумулира аплус од 21.поен (45:24) беа доволни за успех на Навико Академија ФМП на овој меч кој мораше да го добијат.
Во спротивно им следуваше учество во незгодниот плеј-аут, мечевите за опстанок во елитната дивизија.
Местото број 9 на табелата за екипата на Кожув, која заостана една победа во однос на ефектот кој го имаат „академиците“ по 22.одиграни натпревари, а кој е половичен (11.победи и 11.порази).
И дефинитивно, најголемите заслуги што ќе играат Плеј-оф, а не Плеј-аут, му припаѓаат на одличниот бек, Стефан Крстајиќ. Беше на своето стандардно поентерско нивно и на последниот натпревар од регуларниот дел на Првата лига.
Даде 34.поени (11/23 од поле, 8/9 од линијата за слободни фрлања). Но Србинот имаше и десет скока и четири асистенции за 28:52 минути во игра. Далку назад, со десет реализации беше Роналд Херис.
Во изданието за заборав на ТФТ, и деветтиот пораз во досега 21.одигран натпревар, најдобар беше најмладиот.Андреј Митревски заврши со 18.поени, Бејли даде 12, а Андерсон уште 10.поени.