29.04.2021

Но сепак, излегоа како победници против „втората постава“ на нивниот најголем ривал, оној од Аеродром (84:77)

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР ОД 20.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Работнички се „потеше“ добри три четвртини, дури и повеќе...

Уште една сериозна закана испратија младите кошаркари од МЗТ Скопје Уни банка. Долго време го „потеа“ големиот ривал. Скоро до три минути од крајот на заостанатиот меч од  20.коло. На крајот, победи искуството, како што тоа обично се вели...

РАБОТНИЧКИ -  МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА    84:77

Работнички стигна до планираната цел, но доби лекција дека мора многу подобро во дуелите во кои однапред се впишуваат бодовите.

МЗТ Скопје Уни Банка веќе не е таква екипа на која сигурно се смета на два бода...

Можеби Работнички отвори подобро, во првиот период се стекна со солидна предност (19:12), а првото полувреме го реши во своја корист со (40:32).

Но, третата четвртина од дуелот во „Кале“ донесе комплетно поинаква слика.

Гостите од Аеродром направија вистинси играчки, но и резултатски пресврт. Парцијално напраија (28:17), во тие десет минути, и на почетокот на последнито дел влегоа со предност (60:57).

„Штркичњата“ водеа и во првите три минути од четвртината на одлука, која се претвори токму во таква – пресудна.

А таму подобро се снајдоа поискусните играли на Работнички, Тоа особено се однесува на Питс, играчот на овој натпревар кој на крајот застана на бројката од 32.поени (10/14 во шутот за два поени). Аска и Ефремовски го следеа со по 14.реализации, Бундовиќ имаше уште 10.

Доволно „центарци“ да останат во игра дури и за првата позиција на табелата. Сега се на ефект (15-6) со кој го делат второто место со Еуро Никел 2005.  

Кај МЗТ Скопје уни Банка, Максим Митевски уфрли 17.поени, Зекири имаше 14, а Величковски и Андоновски по 12. поени.