Гостивар и ТФТ денеска се бореа за петтото место во регуларниот дел од сезоната. А во последниот меч првиот дел од Првата лига, се покажа како точна констатацијата дека станува збор за две скоро изедначени екипи.
Мораа да играат дополнителни пет минути за да одлучат која е во овој момент подобрата. На крајот, Гостивар е екипата која дојде до триумфот кој ги става на позицијата број 5, а пред одигрувањето а двата последни меча од регуларниот дел кои се играат утре.
ГОСТИВАР – ТФТ 115:109
Гостите од Скопје имаа одлична прва четвртина во која потсетија на некои свои претходни иданија по кои и го добија епитетот за хит во Првата лига. Реализираа „црно-белите“ 33.поени во првите десет минути, примија 20. Се стекнаа со двоцифрена предност, која со сигурна игра, во добар дел и ја сочуваа во првото полувреме.
На одмор ТФТ замина со предност, (53:46).
Тоа беше одредница за играта во третиот период во кој ниту една од двете страни не успеа да направи исчекор. Гостивар да ја анулира таа солидна прендост на противникот, а ТФТ пак да се врати на двоцифрената.
По три периоди од играта, домаќините симнаа уште еден дел од таа разлика. Во последната четвртина влегоа со минус од четири поени (72:76).
Но по 36.минути играње резултатот во салата „Младост“ беше изедначен, двете екипи имаа дадено по 84. поени.
Тројката на искусниот Јанески, ја врати предноста на страната на Гостивар (87:84). Јанески погоди уште еднаш од истата позиција, за уште повиско водство (90:86) кога останаа да се доиграат 02:47 минути.
Но, на 17 секунди пред истекот на регуларните 40.минути, Андерсон погоди едно од двете слободни фрлања за ТФТ, за нов нерешен резултат (90:90). Но и последен напад за гостиварци. Седум секунди подоцна, Костоски беше мирен од „пенал-линијата“ за (92:90).
А по гостинскиот тајм-аут, Хортон ја помина домашната одбрана, поентираше од табла, и го однесе мечот во продолжение од пет минути (92:92).
А во нив гостиварци се покажаа како далеку поискусни. Посмирени, и пред се, поефикасни. Неверојатни беа оние (23:17) во „половина четвртина“ која се покажа како решавачка.
Па по 22.одграни кола, Гостивар стигна до ефект (13-9), доволен (засега) за петтото место на табелата. А по овој нов пораз, ТФТ се „лизна“, едно подолу во исчекување на исходот на средбата Куманово 2009 – Вардар која ќе го донесе расплетот, односно поделбата од 5 до 7. позиција на табелата.