07.05.2021

Вардар одигра одлично прво, очајно второ полувреме, за убедлив пораз во Куманово (78:112)

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР ОД 22. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: По две сосема различни полувремиња, победа на Куманово

Неверојатен пресврт во играта, а уште повеќе во резултатот во последниот меч од регуларниот дел од сезоната, направија кошаркарите на Куманово 2009 во дуелот со Вардар.

КУМАНОВО 2009 – ВАРДАР      112:78

Кошаркарите на Куманово 2009 и на Вардар одиграа еден натпшревар со две дијаметрално различни полувремиња.

Во првото, гостите од Скопје имаа изненадувачко водство пд седум поени (52:45).

Но во второто полувреме едноставно ги „снема“ од теренот. Постоеше само една екипа, кумановската.

Звучи неверојатно, но е вистинито, Куманово го доби со повеќе од убедливи (67:26) за конечни (112:78).

По 22.одиграни натпревари, кумановските „сино-белите“ се на ефект од 13. победи и 9. порази, додека мечевите од Плеј-аут лигата екипата на Вардар ги дочекува со скор (4-18).