Голема победа за МЗТ Скопје Аеродром во дерби дуелот, односно заостанатиот меч од 22.коло против екипата на Пелистер. Во натпревар во кој недостасуваа неколку квалитетни играчи на двете страни од теренот, и во кој домашниот тим имаше плус и од 17. поени, одлучи последната минута.
Поточно тројката на репрезентативецот Филип Бакоч, реализирана на осум секунди пред крајот.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПЕЛИСТЕР 84:81
Многу подобра игра прикажаа „металците“ особено во првото полувреме. Уште во раната фаза од натпреварот, домашните кошаркари успеаја да обезбедат сосема солидна позитива, која на истекот на 10. минута беше идентична со времето, (26:16).
Скопските „сино-бели“ продолжија во истиот играчки ритам и во вториот период од играта. Одново лишени од услугите на капитенот Дамјан Стојановски, но и неиграњето на уште репррзентативец, Андреј Магдевски, останатиот дел од екипата, или поточно, оние „здравите“, се трудеа тие отсуства да не се почувствуваат во играта на МЗТ Скопје Аеродром.
Во нецели три минути од втората четвртина изградија и највисоки (37:20). Битолчани, кај кои пак на теренот недостасуваше нивниот капитен Бојан Трајковски и еден од разигрувачите, Калахан, се врати назад со серија од (10-2) со која во нецели три минути намалија на (30:39).
Но ништо повеќе од тоа.
На полувремето МЗТ Скопје Аеродром водеше со солидни (54:42). Но на клупата повеќе не седеше Трајковски, кој заработи исклучување.
Трката на битолчани продолжи и по паузата од 15.минути. Дoлго време притискаа гостинските кошаркари. Во тие десет минути анулираа уште еден добар дел од негативата. Во последниот период влегоа со само три поени „кусок“ (63:66).
Но не се задоволија со тоа, во уводниот дел од четврттата четвртина го превземаа водството (72:70) по двете слободни фрлања на Вилијамс на 6:40 минути пред крајот на дерби дуелот во СЦ „Јане Сандански“.
Момент по кој дуелот прими и соодветна доза на драматичност.
На 1:36 до крајот, преку линијата за слободни фрлања, Кесар намали на (79:80), и го остави „отворен“ мечот во тие 96 секунди.
Минута подоцна, Малешевиќ направи голема грешка, прекршок во напад. Остави 26.секунди во кои битолчани одлучија дека треба да се бранат. А со тројка од аголот ги казни Бакоч. Погоди репрезентативното крило тројка за победа на МЗТ Скопје Аеродром.
За момент намали Стајиќ, а победата со еден „пенал“ ја потврди Мекиќ.
Десетта, во 15. мечеви кои досега ги одиграа „металците“. За Пелистер пак ова беше само петтиот пораз во 20.одиграни натпревари.