20.01.2021

Популарните „пантери“ од Кисела Вода, одиграа извонредна трета четвртина во која ги симнаа дилемите околу победникот (86:65)

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР ОД 3. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: За десет минути Академија ФМП го „преплива“ Црн Дрим

Победата над екипата на Работнчки во минатото коло, беше се чини, мотив повеќе за кошаркарите на Академија ФМП да продолжат во исто, победничко темпо и на гостувањето во Струга, каде го играа заостанатиот натпревар од  третото првенствено коло.

По релативно изедначеното прво полувреме, во третиот период „пантерите“ одигараа беспрекорно, ефикасно пред сè, и повеќе од доволно да го скршат отпорот на стружани.

ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ – АКАДЕМИЈА ФМП    65:86

Гостите од Скопје беа подобри во првата четвртина. Ја добија со (20:15), а предност со по седум поени ја креираа Крстајиќ и Атанасов. На другата, домашна страна, десет комбинирани поени обезбедија резервистите Настовски и Арсоски.

Во вторито период, младиот Стојановски го донесе највисокото водство за гостинската екипа (23:15). Но со серијата (8-1)  стружани брзо се вратија. Во 15.минута беа во заостанување од само еден поен (23:24). А по поентирањето на Арсоски, Црн Дрим Грин мобиле и поведе (30:29).  

Сепак во оние нецелосни две минути, „пантерите“ реализираа шест, примија само еден поен, и имаа предност од (35:31) на полувремето.

Доста „сиромашни“ 20.минути во кои Крстајиќ и Атанасов стигнаа до по 11.поени за Академија ФМП, и беа единствените кои ја пробија двоцифрената поентерска бариера на двете стани од теренот.

Иако влезе во игра од клупата за резерви, кај екипата од Струга, чии кошаркари, патем речено, не погодија ниту еден од 11.обиди за три поени!!! со осум поени се издвои Арсоски.  

А по одморот, следуваат клучние моменти од натпреварот. Во рок од неполни три минути, Академија ФМП направи сњерија од 10-0) за убедливи (45:31). Гостие не сопреа, во тој ефикасен почеток на средината на третата четвртина, по 12.поен на разиграниот Петровски, имаа уште повисоки (55:38). Нешто потоа и +20, (61:41)за тој крајно ефикасен дел, избраниците на тренерот Алекаандар Петровиќ го затворат со 32. поени.

Интересно, само три помалку во однос на првите две четвртини од ова гостување.

За уште повисоко водство (67:45), пред почетокот на последните десет минути од играта кој се претворија во рутинерски за популарните „пантери“ кои по овој триумф, сега се на ефект од шест победи и три порази во девет одиграни мечеви. Доволно за второто место на табелата

Црн Дрим Грин мобиле одигра еден повеќе, десет. Но со само еден првенствен успех.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ЗАОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ

ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ – АКАДЕМИЈА ФМП      65:86

КОЖУВ – ВАРДАР во тек

18.00: ТФТ – ПЕЛИСТЕР  стрим-линк

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

18.00: ГОСТИВАР – КУМАНОВО          стрим-линк

Сала „Младост“- Гостивар