12.01.2021

Во првиот меч во новата година, тимот од Аеродром ја оправда улогата на фаворит, против Вардар, славеше со сигурни (100:67).

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР ОД 3.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Во 2021 година МЗТ Скопје Аеродром тргна со „стотка“!

Како најава дека „сино-белите“ се подготвени за поход кон горниот дел од табелата, која вели дека ова е нивниот трет триумф во само пет одиграни мечеви во досегашниот тек од шпампионатот.

ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ      67:100

Вардар поведе со (7:0), по само во 90 секунди од играта на дуелот „Под Кале“. Имаа домачините водство и од (9:7). Но со серија од (11-4), фаворитот ја превзема резултатската контрола. Во осмата минута, МЗТ Скопје Аеродром поведе со (17:12), и до истекот на првиот период го задржа водството (22:17).

Во вториот период избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов ја одржуваа разликата, но наа не беше поголема од девет поени. Никако не успеваа „сино-белите“ да ја надминат онаа двоцифрена бариера. Во 16.минута од играта „аеродромци“ водеа со (36:27).

Упорните домашни кошаркари се вратија уште еднаш. По тројката на нивниот најдобар играч, Провел, имицираа серија од (10-2), и намалија на само еден поен негатива (37:38).

Но им дозволија на поискусните противници да го затворат првото полувреме со едно „стандардно“ водство (43:37).

Олуџоби на едната, односно Провел на другата страна стигнаа до бројката од десет реализации во 20.минути од една доста израмнета игра.

На почетокот на второто полувреме Вардар се доближи уште еднаш до МЗТ. Намалија домаќините на (42:45) како најава дека нема да се откажат од изненадување. Но фаворитот одговори на предизвикот веднаш. За прв пат на мечот, „металците“ имаа двоцифрена предност (53:42), потоа, во 26.минута, по поените на капитенот Стојановски, уште повисоки (60:45).

Одличната четвртина гостите од Аеродром ја затворија со тројката на Магдевски, за најубедливата предност на средбата од 17. поени, (67:50).

Тука беше и крајот на надежите за изменетиот состав на Вардар дека може нешто повеќе во првиот меч од новата календарска година.

Сепак, МЗТ Скопје Аеродром е едно ниво над можностите на „црвено-црните“, што го потврдија особено со играта во второто полувреме во кое на противникот му дозволија да реализира само 30. поени. Седуммина гостински играчи ја надминаа двоцифрената бројкa на поени, што е само показател плус за квалитетот кој го поседува МЗТ Скопје Аеродром.